Албино кенгурчето Арчибалд- атракција во скопската Зоолошка градина
Албино кенгурот и двете жирафи главна атракција во скопската Зоолошка градина. Со нетрпение се очекуваат двете слоници и мајмунот Коко. Македонската телевизија во обиколка со најчестите посетители- децата...

Скопската Зоолошка градина ечи од детскиот џагор и смеа, главна причина е новиот жител, 6- месечното албино кенгурче Арчибалд. Сите албино животни се вистинска реткост, карактеристични по снежнобелото крзно и розовите очи. Така и ова бебе кое нашата камера го улови спокојно спиејќи во џебниот дел на стомакот на својата мајка. Поголем дел од времето за него се грижи Дрнкова Билјана, дел од ЗОО негователките. Вели дека Арчи е главна атракција и sвезда на денот.
Арчи ужива со другарчињата од Македонија, но тешко ја поднесува скопската клима. Бидејќи потекнува од краишта со пеколни горештини, непредвидливата влага на овие животни им влијае врз здравјето.
Вработените во зоолошката градина велат дека не сите животни подеднакво ги поднесуваат овие временски непригоди. Но, тоа не е проблем и за лемурите бидејќи тие потекнуваат од Мадагаскар. И на трите жирафи, жешкото скопско сонце им годи, нивните природни жиеалишта се во Африка.
Жирафите се високи по 6 метри. Тие се мирољубиви животни и дневно им е доволно половина час за да отспијат. Со нивните копита можат да усмртат дури и лав.
Децата имаат голема причина за радост. Во текот на следниот месец, од скопската Зоолошка градина ќе се збогати со два нови членови. Ќе пристигнат две слоници од Белгија, а објектот каде што ќе престојуваат, е веќе подготвен.
Вработените велат, голема радост е и тоа што во текот на септември, во Зоолошката ќе се врати шимпанзото Коко од центарот за рехабилитација во Холандија, заедно со уште три единики со кои што таму се спријателил.
Александра Спировска
