Иницијативата за распишување референдум потпишана од СДСМ, ДУИ и БЕСА, се чека на ВМРО-ДПМНЕ

30.07.2018 12:39

Во предлог- одлуката е содржан датумот за одржување на референдумот и референдумското прашање , истото што го предложи премиерто Заев, а гласи: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?

Пратениците од владејачкото мнозинство најавија дека до претседателот на Собранието, Џафери  ќе поднесат Иницијатива за распишување на референдум за името. Според информации од пратеничката група на СДСМ, потписите се собрани, а на листата се потпишале и народни избраници од ДУИ и БЕСА.

Чекаат да заврши координацијата  на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, велат иницијативата ќе им биде понудена и нив, по што и официјално се очекува ставот на опозициската партија во врска со ова прашање.

Во предлог- одлуката е содржан датумот за одржување на референдумот и референдумското прашање , истото што го предложи премиерто Заев, а гласи: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?

Се очекува по координацијата кај претседателот да произлезе и тајмингот во колку часот би била закажана седницата.