Здравство

Нема пропуст во лекувањето на четирите деца со дијабетес

30.07.2018 12:42

По вонредните инспекциски надзори кај матичните лекари на децата, констатирале дека за прв пат им е дијагностициран дијабет по последното влошување на здравствената состојба.

Здравствените инспектори не нашле пропуст во лекувањето на четирите децата кои со зголемено ниво на шеќер во крвта минатата недела беа хоспитализирани на скопските клиники.

По вонредните инспекциски надзори кај матичните лекари на децата, констатирале дека за прв пат им е дијагностициран дијабет по последното влошување на здравствената состојба.

Во соопштението пишува дека сите посети на децата кај матичните лекари како и посетите во останатите здравствени установи, воглавно се уредно евидентирани. Според лекарите, една третина од новодијагностицираните деца со дијабетес тип 1 се примаат во кетоацидозна состојба, која бара интензивна терапија.

Децата обично имаат симптоми на зголемен внес на течности, зголемено мокрење, зголемен внес на храна, слабеење и стомачни болки, потребна е една до четири недели пред да им биде поставена дијагнозата.