Метео: Променливо облачно, температура до 34 степени

30.07.2018 12:59

Поинтензивни и почести врнежи се очекуваат во четврток и петок, а за време на викендот ќе настапи постабилно и потопло време.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со умерен ветер од северен правец. Попладне и натаму се очекува појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи повеќе на планинските региони.

Максималната температура ќе достигне до 34 степени. Поинтензивни и почести врнежи се очекуваат во четврток и петок, а за време на викендот ќе настапи постабилно и потопло време.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска