Заев: Опозицијата да се вклучи и да ги повика граѓаните на референдум
Премиерот Заев со апел до опозицијата да ги повика граѓаните да излезат на консултативниот референдум што треба да се одржи на 30-ти септември, и да одговорат на прашањето- Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Македонија и Грција. Според него, пред нас е историска одлука...

Премиерот Зоран Заев повторно ја повика опозицијата да се вклучи и да ги повика граѓаните да излезат на референдумот. Од кумановско Черкези, премиерот повтори дека 30-ти септември е таргетираниот датум за одржување на референдумот.
Знам дека прашањето е тоа кое што го објавивме „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Р. Македонија и Р. Грција“, знам дека референдумот ќе биде консултативен и уште еднаш само ја користам приликата опозицијата навистина да се вклучи и да повика на гласање за да можат граѓаните да излезат масовно и да го кажат својот глас, изјави Заев.
Премиерот нагласи дека ова е историска одлука што ја дефинира иднината на државата.
Знаете дека ова е историска одлука не само поради тоа што е референдумска одлука, туку поради тоа што преку таа одлука се дефинира и иднината на нашата Република Македонија, рече Заев.
Потенцира дека сите чинители во општеството се должни да создадат услови за граѓаните доволно да бидат мотивирани да излезат и да гласаат и да дадат поддршка, со што ќе се заокружи 27- годишната аспирација на држвата кон НАТО и ЕУ.
