Пекинг и Лондон планираат договор за слободна трговија

30.07.2018 13:44

Пекинг веќе предложил договор којшто ќе се спроведува по Брегзит кон крајот на март 2019-та година...

„Кина и Велика Британија планираат да почнат разговори за договор за слободна трговија меѓу двете земји по излезот на Лондон од Европската унија“, соопшти новиот британски министер за надворешни работи Џереми Хант.

Пекинг веќе предложил договор којшто ќе се спроведува по Брегзит кон крајот на март 2019-та година. Меѓу поважните точки е отстранувањето на трговските бариери.