ВМРО-ДПМНЕ не го прифати референдумското прашање
Свесни дека договорот е штетен за државата и граѓаните и е дека е спротивно на волјата на граѓаните, тие се обидуваат со сила, без прифаќање на аргументите на опозицијата да протуркаат прашање кое е безсмислено и повеќезначно, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека продолжува самоволието на парламентарното мнозинство и тоа за најважното прашање за државата, за референдумот за договорот со Грција. Свесни дека договорот е штетен за државата и граѓаните и е дека е спротивно на волјата на граѓаните, тие се обидуваат со сила, без прифаќање на аргументите на опозицијата да протуркаат прашање кое е безсмислено и повеќезначно, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Според генералниот секретар на партијата, во целиот процес се прават две крупни повреди. Има, како што рече, брутално газење на воспоставената демократска практика кое било референдумско прашање и неговото формулирање да биде донесено по пат на заеднички конзензус со релевантите политички субјекти. Напуштањето на оваа пракса, додаде Јанушев, значи продолжување на самоволието на власта, непочитување на волјата на граѓаните и уште еден силен удар на демократијата од оваа недемократска влада.
Втората повреда, според опизцициската партија е и законска. Согласно член 15 од Законот за референдум, прашањето на гласачкото ливче мора да биде прецизно формулирано и недвосмислено, така што граѓанинот на референдум да може да одговори со ‘за‘ или ‘против‘. Прашања кои се поврзуваат со други теми се двосмислени и може да доведат до забуна. Потребно е референдумското прашање да биде сосема јасно и прецизно и единствено поврзано со договорот, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
За евентуален бојкот на референдумот, рече Јанушев, ќе одлучуваат највисоките партиски органи и јавноста ќе биде информирана.
