Европска унија

Макрон подготвува паневропско политичко движење

30.07.2018 15:09

Неговата партија „Република во движење“ е блиска до Алијансата на либералите и демократите на Европа (АЛДЕ) така што новото движење на прогресивни демократи би било дел од изборите во повеќе европски држави и би се претставило како одговор на подемот на националистичките партии.

Според германски „Велт ам Зонтаг“, францускиот претседател Емануел Макрон планира да формира Либерал- демократска пратеничка група во Европскиот парламент по изборите во 2019-та година.

Неговата партија „Република во движење“ е блиска до Алијансата на либералите и демократите на Европа (АЛДЕ) така што новото движење на прогресивни демократи би било дел од изборите во повеќе европски држави и би се претставило како одговор на подемот на националистичките партии.

Потенцијални партнери на Макрон би биле шпанското движење „Граѓаните“ и „Демократска партија“ на Матео Ренци во Италија.