Каталонија: Тора повторно ја почна кампањата за референдум

05.09.2018 15:49

Шпанската влада соопшти дека е подотвена за дијалог и за преговори кои го обединуваат каталонскиот народ.

Каталонскиот лидер Ким Тора повторно ја почна кампањата за отцепување на Каталонија од Шпанија, истовремено отфрлајќи ја понудата на шпанската влада за референдум за поголема автономија.

Во говорот во Барселона по слоганот „Нашиот момент“, Тора истакна дека мандатот што им го доделиле граѓаните на 1 октомври е сѐ уште на сила и дека се обидува да го оствари. Тој побара нов референдум кој би бил признаен од Шпанија, истакнувајќи дека тоа е единствениот начин за остварување на мандатот.

Шпанската влада соопшти дека е подотвена за дијалог и за преговори кои го обединуваат каталонскиот народ.

„Слушнавме приказна без нови вести, адресирана до поддржувачите на независноста. Господинот Тора рече дека нема да направи чекор назад. За тоа се согласуваме, време е да се направат чекори напред. Ние веќе го сторивме тоа. Почнавме разговори на билатерални комисии за нештата што се значајни за каталонците: социјалните закони, инфраструктурата, здравството... Секојдневно работиме на тоа“, изјави Изабел Села,  портпарол на влада.

Претходникот на Тора, Карлес Пуџдемон во октомври минатата година организираше референдум за независност. Повеќето гласачи се изјасија во корист на отцепување, но противниците на независноста тогаш не гласаа бидејќи владата на Шпанија и Уставниот суд го забранија изјаснувањето. Пуџдемон е во Брисел каде што замина откако го смени владата во Мадрид, обвинувајќи го за бунт и сепаратизам.

 

Марина Ристова