Примирје во Триполи
Успешен трет обид за примирје со посредство на ООН во Триполи коешто треба да стави крај на судирите меѓу соперничките банди. Во насилствата за борба за превласт небвроени жртви. Владата поддржана од ОН го контролира главниот град, а бандите окупираат голем дел од земјата...

Ривалските банди коишто се бореа во либиската престолнина Триполи договорија прекин на огнот. Спогодбата овозможува поширока рамка за разговорите коишто треба да ги разрешат проблемите меѓу противничките страни. Во третиот обид за примирје учествуваа офицери, лидери на различни групи во и околу главниот град, и Владата за национално единство (ГНА). Минатата недела беше прогласен договор за прекин на огнот од западните градови, но мерката се почитуваше само неколку часа. Овој пат, постои потпишан договор во посредство на ОН што евентуално го гарантира мирот.
Во пресметките во Триполи загинаа педесетина луѓе со околу 2000 илјади раселени семејства. Стотици африкански мигранти кои беа затворени од крајбрежната полиција побегнаа од порифатните центри.
„Многу мигранти беа ослободени, тие побегнаа од кампот на Хамза поради судирите. Сега се во областа во Кримија и ќе бидат префрлени во друг казнен центар за мигранти во Триполи.“
„Ноќе пукаа, петмина беа ранети. Немавме бања, местото беше валкано. Го баравме одговорниот на установата, ама не добивме одговор. Затоа побегнавме и дојдовме овде.“
За меѓународната заедница, спречувањето на конфликтот е приоритет зашто е закана за комуникацијата со владата и за враќањето на странските мисии и дипломати во Триполи кое се одвива бавно по 2014 година. Војната и распарчувањето на владеењето во Либија почнаа по ликвидирањето на Муамер Гадафи во 2011 година. Земјата е меѓу првите десет извозници на нафта во светот, а фракциските групи во Триполи, што наликува на некогапен Бејрут, и во цела Либија се богатат со нелегалниот извоз на црното злато.
Маја Филдишев
