Столтенберг на средби со државниот врв

06.09.2018 10:29

Во тек е средбата со претседателот Ѓорге Иванов. Потоа ќе го посети селото Стајковци, каде што во 2016-та година војници и опрема на НАТО беа ангажирани за надминување на последиците од поплавата, по што заминува во касарната „Илинден“, каде што со министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе го посетат Полкот за специјални операции, кој ќе изведе показна вежба.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг од вчера е во дводневна посета на Република Македонија.

Во тек е средбата со претседателот Ѓорге Иванов. Потоа ќе го посети селото Стајковци, каде што во 2016-та година војници и опрема на НАТО беа ангажирани за надминување на последиците од поплавата, по што заминува во касарната „Илинден“, каде што со министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе го посетат Полкот за специјални операции, кој ќе изведе показна вежба.

Потоа, во клубот на пратениците Столтенберг ќе има работна средба со премиерот зоран заев, по што ќе следува прес- конференција.

За шест месеци, ова е втора посета на генералниот секретар на алијансата на земјава.