Земјоделство

Неповолна година за тутунарите

06.09.2018 10:30

Покрај намалениот род за скоро една третина не се очекува ни добар квалитет. Врнежите не им дозволуваат да ги наберат последните листови кои се најквалитетни и најбарани во тутунската индустрија, ниту пак добро да го исушат тутунот.

Лоша година за тутунопроизводителите. Иако се родот се проценуваше како ланскиот од скоро 26.000 тешко дека ќе можат да се наберат и до 20.000 тони тутун.

Тутунарите очекуваат и послаб квалитет поради честите врнежи летово и појавата на болести.

Зголемувањето на температурата која што се најавува според експертите неможе, значително да ја подобри ситуацијата зашто денот е веќе намален, а ќе има и роса што ја отежнува бербата на повисоките класи од родот.

Според сојузот на тутунските здруженија во Македонија поради многу дождови и болести, производството годинава ќе се намали за 30- 40 отсто со послаб квалитет што ќе доведе и до проблеми со откупот.

Лани цената достигна 217 денари за килограм, а за годинава велат е рано да се каже се до почетокот на откупот во ноември.

 

Методија Трајков