Силен земјотрес во Јапонија

06.09.2018 10:34

Во Кабинетот на премиерот Шинзо Абе е формиран кризен штаб и најмалку 25 илјади војници се испратени за справување со последиците од портесот.

Еден загина и 48 се повредени во силен земјотрес што ја погоди Јапонија. Потресот од 6,7 Рихтери имал епицентар во округот Ибури на длабочина од 37 километри на остоворот Хокаидо.

Во Кабинетот на премиерот Шинзо Абе е формиран кризен штаб и најмалку 25 илјади војници се испратени за справување со последиците од портесот.

20 луѓе се водат како исчезнати. Прекинато е снабдувањето со струја. Откажани се над 200 летови и запрено е движење на возови.