Џафери- Столтенберг: Референдумот е патоказ кон иднината
Генералниот сектер на НАТО, Столтенберг во Собранието се сретна со спикерот Џафери и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Столтенберг со порака, НАТО ќе ја почитува суверената одлука на граѓаните на 30-ти септември...
Генералниот секретар на НАТО Столтенберг, на одвоени средби со претседателот на Собранието и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Џафери се заблагодарил за поддршката при добивањето покана за членство во НАТО. Изразил надеж дека референдумот ќе успее, бидејќи како што рекол, тоа е патоказот кон иднината.
Столтенберг го поздравил Договорот со Грција, истакнувајќи дека Алијансата не присилува ниту една држава да стане членка и дека ќе се почитува одлуката на граѓаните, каква и да биде.
На средбата со првиот човек на НАТО, присуствуваа и координаторите на Парламентарните групи во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ го поддржува членството во НАТО и во ЕУ, бидејќи тоа е стратегиски интерес за земјава, му посочил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски на Столтенберг.
Јасно потенцирал дека Договорот со Грција за партијата е неприфатлив. На генералниот секретар му било предочено дека Владата треба да се фокусира на спроведување проекти во интерес на граѓаните.
Од партијата потенцираат дека финишира процесот на консултации и дека наредните денови највисоките партиски тела ќе донесат конечен став за референдумот.
Игор Панов
