Референдум

Утре почнува кампањата „Македонија бојкотира“

07.09.2018 14:08

„Македонија бојкотира“ од утре почнува со кампањата. Ќе повикаат на воздржаност при граѓанското изјаснување на 30-ти септември...

Кризниот штаб против референдумот, од утре почнува со кампањата „Македонија бојкотира“. Оттаму велат дека 64 субјекти, меѓу кои политички партии, здруженија од земјава и дијаспората, како и патриотските организации ќе имаат митинзи и средби со граѓани.

Ова не е битка на лидери, ова не е битка на партии или битка за власт, ова е битка за македонија и македонскиот народ, рече лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев.

И другите учесници во кампањата „Македонија бојкотира“ порачаа дека од оваа битка нема да се откажат и оти нема да и дозволат да се промени уставното име на Македонија.

Од Кризниот штаб се пожалија и дека врз нив се вршат притисоци, но рекоа оти тоа нема да ги поколеба да продолжат со кампањата.

 

Викторија Милевска