Мицкоски: Договорот со Грција е неприфатлив, референдумското прашање создава забуна кај граѓаните

07.09.2018 14:13

Мицкоски на средба со Курц. Посочил дека за нив, членството во ЕУ и во НАТО преставува стратешки државен интерес, но остануваат на ставот дека Договорот со Грција е неприфатлив и ја става земјава во незавидна ситуација.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на средба со австрискиот канцелар Курц. Мицкоски посочил дека за нив, членството во ЕУ и во НАТО преставува стратешки државен интерес, но остануваат на ставот дека Договорот со Грција е неприфатлив и ја става земјава во незавидна ситуација.

„Целокупниот процес на преговарање се одвиваше нетранспарентно и опозицијата не беше консултирана, а самиот договор не ги одразува државните и национални интереси на Република Македонија“, му рекол Мицкоски на Курц.

Навел и оти власта преку повеќезначно референдумско прашање создава свесна забуна кај граѓаните.