Џафери: Кампањата ќе ја водиме транспарентно, без дискриминација и предрасуди
Според собранискиот спикер, институциите имаат обврска секому да му овозможат одлуката да ја донесе врз основа на доволно информации, а граѓаните, како што рече, имаат одговорност да ја искажат вољата...

Кампањата ќе ја водиме транспарентно, директно, без дискриминација и предрасуди, со почитување на вољата на граѓаните, изјави спикерот Џафери во својство на претседател на координативното тело на Собранието, задолжено за спроведување на кампањата за референдумот. Според него, институциите имаат обврска секому да му овозможат одлуката да ја донесе врз основа на доволно информации, а граѓаните, како што рече Џафери, имаат одговорност да ја искажат вољата.
59 проценти од пратениците се изјасниле дека ќе водат кампања „за“, додека 41 насто „против“. 80-те милиони денари за медиумска кампања ќе бидат пропорционално распределени на пратеничките групи, односно никој нема да добие пари ниту на рака, ниту на сметка, туку собранието ќе го плаќа закупениот простор во 65 радија и телевизии-појаснува собранискиот спикер.
Доколку партиите организираат посебни кампањи или средби со граѓани, тоа не спаѓа во доменот на координативното тело. За ВМРО-ДПМНЕ, вели Џафери, доколку изразат желба за закуп на медиумски простор ќе им излезе во пресрет, но парите не може да се пренаменат, како што тие бараа.
Миле Ристески
