Ахмети- Курц: Поддршка за евроатлантската интеграција на Македонија

07.09.2018 15:33

Првиот интегративец рекол оти посетата е поддршка за нашиот пат кон Европската унија и НАТО и оти е дојдено време, заедно да ги изодиме последните чекори кон евроатлантската интеграција.

Со австрискиот канцелар Себастијан Курц се сретна и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Првиот интегративец рекол оти посетата е поддршка за нашиот пат кон Европската унија и НАТО и оти е дојдено време, заедно да ги изодиме последните чекори кон евроатлантската интеграција.

Како што соопшти ДУИ, на средбата станало збор за предизвиците на Македонија и регионот, а австрискиот премиер ја истакнал големата поддршка од Австрија за евроатланската интеграција на Македонија и за потребата од понатамошни реформи.

Ахмети посочил дека ДУИ ќе работи на реализација на договорот и на реформирање на општеството.