Заев: Ако сте за ЕУ и НАТО, излезете на референдумот
Ако сте за Европската унија и НАТО, излезете на референдумот, придружете се, порача премиерот Заев вчера на трибината во Битола. Ги повика сите граѓани да гласаат за европска Македонија. Пред нас е сериозна одговорност и требе да донесеме вистински одлуки, рече премиерот...

Ние тргнавме и враќање нема. Пред нас се НАТО и најмоќните европски демократии. Безбедната иднина не доаѓа лесно и едноставно. Никој не негира дека моравме да направиме компромис. Тоа е болно и подеднакво го разбирам и чувствувам. Но, во основата на секој компромис лежи и напредокот, поместувањето од мртва точка. Затоа, кога утре во европска Македонија ќе им погледнеме во очи на нашите деца, ќе ја сфатиме големината на тој компромис- рече на граѓанскиот собир во Битола, премиерот Зоран Заев.
Можеме да имаме ралични политички разлики и да продолжиме со нашите секојдневни политички битки, но за идината на земјава сите мораме да бидиме едногласни, рече Заев воедно повикувајќи го лидерот на опозицискиот блок да се приклучи кон камапањата и да докажат дека членството во ЕУ и НАТО се над дневната политика.
Добиваме можност за отварање на врати за пристап до нови фондови тешки околу деведесет милиони евра на годишно ниво, кои ќе овозможат побрз екононски развој и создавање на поефикасни институции, порачаа говорниците на синоќешниот граѓански собир.
30-ти септември е денот кога со нашиот глас треба да ја изодиме последната делница од патот кој зедно го градиме 27 години- порачаа од плоштадот Магнолија од Коалицијата „Заедно за европска Македонија“.
Стевче Митревски