МНР
Формиран Заеднички комитет за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Македонија и Грција
10.09.2018 13:29
Во составот на ЗИКЕ од македонска страна има седум члена, на чело со амбасадорот Виктор Габер.

Формиран е Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Македонија и Грција.
Во составот на ЗИКЕ од македонска страна има седум члена, на чело со амбасадорот Виктор Габер.
Како што информира денеска Министерството за надворешни работи, овој комитет е формиран во согласност со член 8, став 5 од Конечната спогодба меѓу Република Македонија и Република Грција, потпишана на 17-ти јуни 2018-та година.
