Скопје

Со задоцнување од една недела почна учебната година и во училиштето „Гоце Делчев“

10.09.2018 14:26

Со задоцнување од една недела почна учебната година и во скопското основно училиште „Гоце Делчев“. Надлежните уверуваат дека учениците нема да ги одработуваат саботите, туку часовите ќе се надоместат во редовната настава. Од општината Центар, пак велат дека градежните работи се завршени, а причина за доцнењето била судска пресуда што го блокирала работењето на општината. Дополнително, заменик- министерот Атанасов информираше дека од наредната недела ќе почне дистрибуцијата на учебниците...

Со задоцнување од една недела основците од „Гоце Делчев“ тргнаа на училиште. Стартот на учебната година го одложија градежните активности што предизвикаа револт кај родителите. Надлежните тврдат дека реконструкцијата и доградбата на објектот требале да завршат навреме, но поради судска пресуда била блокирана работата на општината. Учениците нема да ги одработуваат саботите, часовите ќе се надоместат во редовната настава.

Заменик- министерот за образование, Петар Атанасов уверува дека е надминат и проблемот со учебниците. Наредната недела ќе бидат доставени до сите училишта.

Училиштето „Гоце Делчев“ по 60 години доби нова фасада, нови училници и кабинети. Градоначалникот Богдановиќ најави реконструкција и изградба на нови училишта во Центар.

 

Викторија Милевска