Лула Да Силва се повлече од изборите, Болсонаро во предност
На негово место, ќе се натпреварува Фернандо Хадад, сопартиец во Работничката партија. Судот му забрани на Лула да учествува на изборите идниот месец поради пресуда за корупција и отслужување на 12-годишна затворска казна...

Поранешниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, ја повлече кандидатурата за претседателските избори во Бразил, на коишто беше фаворит.
На негово место, ќе се натпреварува Фернандо Хадад, сопартиец во Работничката партија. Судот му забрани на Лула да учествува на изборите идниот месец поради пресуда за корупција и отслужување на 12-годишна затворска казна.
По неговото повлекување, според анкетите, најголема поддршка има кандидатот на крајната десница Жаир Болсонаро, којшто неодамна беше нападнат со нож за време на митинг.
