Масовни протести за независност на Каталонија

12.09.2018 11:16

Собирот се случува во пресрет на годишнината од референдумот за отцепување на Каталонија од Шпанија, на кој мнозинството се изјани за самостојност.

Стотици илјади луѓе протестираа во Барселона за независност и ослободување на лидерите на каталонското сепаратистичко движење.

Собирот се случува во пресрет на годишнината од референдумот за отцепување на Каталонија од Шпанија, на кој мнозинството се изјани за самостојност.

Шпанската Влада го прогласи референдумот за противуставен и кривично ги гонеше водечките каталонски сепаратистички политичари, од кои дел се во затвор или во егзил.