СИРИЈА
ООН, САД и ЕУ со предупредувања за состојбата во Идлиб
12.09.2018 11:38
Предупредување стигна и од американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли. Германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас потенцираше дека земјата ќе интервенира доколку Владата во Дамаск употреби хемиско оружје.

Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш апелира до сите страни во конфликтот во Сирија да ги заштитат цивилите и да избегнат крвопролевање во Идлиб , последниот голем бастион на бунтовниците.
Предупредување стигна и од американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли. Германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас потенцираше дека земјата ќе интервенира доколку Владата во Дамаск употреби хемиско оружје.
Министерството за одбрана разгледува барање од Вашингтон за учество на Бундесверот во евентуални воени дејствија во Сирија.
