Путин: Ги идентификувавме осомничените за труењето
Рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека станува збор за цивили и дека нема ништо инкриминирачко во врска со нив. Соопшти дека тие им се познати на руските власти, но оти не работеле за војската.

Русија ги идентификуваше двајцата мажи, кои Велика Британија ги сомничи за труењето на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија во Солзбери. Рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека станува збор за цивили и дека нема ништо инкриминирачко во врска со нив. Соопшти дека тие им се познати на руските власти, но оти не работеле за војската.
„Секако дека проверивме кои се тие луѓе. Знаеме кои се, ги идентификувавме. Се надеваме дека ќе излезат во јавност и ќе кажат кои се. Така ќе биде најдобро за сите. Можам да ви кажам дека нема ништо поврзано со криминал во овој случај, но ќе видиме“, рече претседателот Путин.
Велика Британија минатата недела објави дека осомничените се руски државјани, кои ги користеле имињата Александар Петров и Руслан Боширов, а премиерката Меј наведе дека обајцата биле членови на руска воено- разузнавачка служба.
Се претпоставува дека осомничените имале помош од уште четворица кои сѐ уште се на слобода. Се верува дека неколку пати ја посетиле Велика Британија, претставувајќи се како богати Руси, поради што нивното патување во март не предизвикало сомнеж.
Поранешниот руски шпион и неговата ќерка на 4-ти март беа пронајдени онесвестени на клупа во Солзбери. Официјален Лондон тврди дека во нападот бил користен нервниот агенс „Новичок“, скриен во шише парфем, за чијашто избработка биле потребни три месеци.
Марина Ристова
