ЕЛЕМ: Подготвени сме за либерелизација на пазарот на струја
Раководството уверува, подготвени се за новата грејна сезона и за либерализираниот пазар на струја.

ЕЛЕМ продаде вишок електрична енергија во количество од речиси 10 илјади мегават часови, за вкупна сума од 6 милиони 560 илјади евра. Раководството уверува, подготвени се за новата грејна сезона и за либерализираниот пазар на струја.
Подготвени сме и веќе правиме планови како да настапиме за да можеме нормално да ја завршиме нашата законска обврска и истовремено на универзалниот снабдувач да му обезбедиме евтина енергија. Ние и досега работевме со регулирана тарифа која во еден дел од годината беше 41 евро, а со најновата одлука е 39 евра по мегават час. Со разликата во цена што ја постигнуваме на слободниот пазар може да се заклучи дека сме во можност тоа да го постигнеме, рече Трповски.
Нашата цел, нагласи, е да постигнеме евтина електрична енергија и за универзалниот снабдувач, а со тоа и за домаќинствата.
