СБ одобри заем од 33,4 милиони долари за развој на социјални услуги и ран детски развој во Македонија

14.09.2018 12:52

Проектот за подобрување на социјалните услуги ќе се фокусира на решавање на предизвиците поврзани со социјалното исклучување на ранливите групи, како и слабиот квалитет и фрагментацијата на социјалните услугите и раното детско образование и грижа.

Бордот на извршни директори на Светска банка го одобри заемот во износ од 33,4 милиони долари наменет за натамошен развој на системот за социјална заштита и рано детско образование и грижа во Македонија.

Проектот за подобрување на социјалните услуги ќе се фокусира на решавање на предизвиците поврзани со социјалното исклучување на ранливите групи, како и слабиот квалитет и фрагментацијата на социјалните услугите и раното детско образование и грижа.

„Проектот ќе го зголеми социјалното вклучување на најранливите лица во земјата, преку систем на добро таргетирана и проширена испорака на социјални услуги“, вели Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на Светска банка.

Дополнително, преку инвестирање во раното детско образование и грижа, Македонија инвестира во својата иднина. Проектот ќе ја подобри подготвеноста за училиште, што е клучно за развој на животни вештини и за зајакнување на конуретноста на економијата на долг рок, се посочува во соопштението од Светска банка.