Осум милиони евра за инфраструктурни проекти на општините

14.09.2018 12:57

Министерството за финансии објави јавен повик за доделување нова транша од проектот кој го спроведува со поддршка на Светската банка.

Општините од денеска ќе можат да аплицираат со нови капитални проекти за осум милиони евра, средства преку проектот за подобрување на општинските услуги.

Министерството за финансии објави јавен повик за доделување нова транша од проектот кој го спроведува со поддршка на Светската банка.

Со овие пари општините ќе можат да финансираат проекти за изградба и реконструкција на системи за водоснабдување, канализација и одведување отпадни води, локална патна инфраструктура, енергетска ефикасност, изградба на детски градинки, зелени пазари, инфраструктура во индустриски зони и слични проекти.