Воена делегација од американската сојузна држава Вермонт во посета на Македонија

17.09.2018 11:03

Како што соопшти прес-канцеларијата на Генералштабот на АРМ, делегацијата од Вермонт за време на неколкудневниот престој ќе оствари средби со својот домаќин, началникот на генералштабот на АРМ, генерал- мајор Васко Ѓурчиновски...

Висока воена делегација на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, предводена од командантот, генерал- мајор Стивен Креј, од денеска до 21-ви септември ќе престојува во посета на Република Македонија.

Како што соопшти прес-канцеларијата на Генералштабот на АРМ, делегацијата од Вермонт за време на неколкудневниот престој ќе оствари средби со својот домаќин, началникот на генералштабот на АРМ, генерал- мајор Васко Ѓурчиновски, со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, и ќе изврши обиколка на дел од единиците на АРМ, а ќе присуствува и на завршната церемонија на Безбедносниот форум во Охрид.