Матис: Референдумот е најважниот глас во вашата историја
„Референдумот е најважниот глас во вашата историја“, изјави американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис. Тој по средбата со државниот врв ја пренесе поддршката од Вашингтон за земјава. Посочи дека Договорот од Преспа ќе овозможи спроведување на клучните реформи во процесот на пристапување кон Европската унија и во НАТО. „Подготвени сме да ви посакаме добредојде како 30-та членка на Алијансата“, изјави Матис...
Подготвени сме да ве дочекаме во НАТО ако така решите, изјави американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис. Искажа силна поддршка за Договорот од Преспа кој, како што рече, е единствената шанса за иднината на земјава.
Успешен референдум е клучен за иднината на Македонија, зошто алтернатива за членството во НАТО и во ЕУ нема, посочи премиерот Заев.
Македонија е на еден чекор од членството во НАТО, рече министерката за одбрана Шекеринска оценувајќи дека поддршката од САД доаѓа во клучен период за земјава.
Матис се заблагодари за придонесот на македонските војници за мировните операции со што Македонија се покажала како доверлив партнер на САД.
Ирина Гелевска
