Лидерите на двете Кореи потпишаа декларација
Јужнокорејскиот претседател Мун изјави дека Ким се согласил да бидат преземени конкретни чекори кон нуклеарно разоружување и демонтирање на севернокорејските нуклеарни објекти во присуство на меѓународни експерти.

Лидерите на Северна и на Јужна Кореја Ким Јонг-ун и Мун Џае-ин потпишаа декларација на средбата во Пјонгјанг. На самитот е склучен и воен договор од министрите за одбрана со цел да се намалат тензиите на Полуостровот.
Јужнокорејскиот претседател Мун изјави дека Ким се согласил да бидат преземени конкретни чекори кон нуклеарно разоружување и демонтирање на севернокорејските нуклеарни објекти во присуство на меѓународни експерти.
„За прв пат, Јужна и Северна Кореја договорија план за нуклеарно разоружување. Ова е многу значае исход. Го поканив лидерот Ким да го посети Сеул и тој одлучи да го направи тоа наскоро“, изјави Мун Џае-Ин, претседател на Јужна Кореја.
„Усвоивме воен пакт за крај на бруталната конфронтација и непријателството, и се согласивме да правиме обиди да го претвориме Полуостровот во земја на мир во којашто нема нуклеарно оружје и закана“, рече лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг- Ун.
Југот и Северот најавија и формирање на заеднички комитет, во кој ќе има претставници на воените команди.
