ПЕКИНГ

Вучиќ - Кечијанг: Србија и Кина вечни пријатели

19.09.2018 15:24

Вучиќ истакна дека во разговорите била изразена едногласност и взаемна поддршка за сите политички прашања, и додаде дека посетата претставува голема чест за Србија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со кинескиот премиер Ли Кечијанг во кинескиот град Тианџин изјави дека Кина очекува и во иднина да ја гледа Србија како независна, самостојна и силна.

Вучиќ истакна дека во разговорите била изразена едногласност и взаемна поддршка за сите политички прашања, и додаде дека посетата претставува голема чест за Србија.

Кинескиот премиер пак, изјави дека двете земји се вечни пријатели, кои го покажале тоа едни кон други во тешки услови и времиња.