САД

Вашингтон подготвен за обнова на преговорите со Пјонгјанг

20.09.2018 10:34

Во соопштение на аемриканскиот државен секертар Мајк Помпео е изразена подготвеност за итна обнова на преговорите со Пјонгјанг чијашто цел е нуклеарното разоружување, што би требало да заврши до 2021 година.

САД ги поздравија одлуките од средбата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин и најавија подготвеност за обнова на дијалогот со Пјонгјанг.

Во соопштение на аемриканскиот државен секертар Мајк Помпео е изразена подготвеност за итна обнова на преговорите со Пјонгјанг чијашто цел е нуклеарното разоружување, што би требало да заврши до 2021 година.

Покана е испратена и до севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Јонг-хо за посета на  Њујорк, на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН.

По самитот, Јужна Кореја одлучи следната година да отвори нова кабелска телевизија, која ќе биде специјализирана за програми наменети за Северна Кореја.