ЕУ не постигна напредок во разговорите за миграција

20.09.2018 11:27

Италија, Австрија и неколку земји од Централна Европа тврдат дека единствениот начин да се спречи илегалната миграција е да се зајакнат надворешните граници на блокот, и ги отфрлија сите обиди за прераспределба на барателите на азил.

Лидерите на Европската унија не успеаја да постигнат напредок во надминување на разликите околу прашањата за миграцијата. На разговорите во австрискиот град Салцбург, се договорија дека Унијата треба да соработува со Египет по ова прашање.

Италија, Австрија и неколку земји од Централна Европа тврдат дека единствениот начин да се спречи илегалната миграција е да се зајакнат надворешните граници на блокот, и ги отфрлија сите обиди за прераспределба на барателите на азил.

Дел од земјите се противат на плановите за проширување на мандатот и персоналот на Фронтекс, агенцијата за обезбедување на надворешните граници на ЕУ. Разговорите продолжуваат и денеска.