Албанија: Опозицијата продолжува со бојкот на Собранието

20.09.2018 11:47

Наспроти опозицијата, пратениците од владејачкото мнозинство денеска ќе расправаат за Законот за националниот театар, кој албанскиот претседател Илир Мета не го потпиша и го врати на повторно разгледување.

Албанската опозиција продолжува со бојкотот на Собранието и наместо во собраниската сала заседава во приморскиот град Валона.

Наспроти опозицијата, пратениците од владејачкото мнозинство денеска ќе расправаат за Законот за националниот театар, кој албанскиот претседател Илир Мета не го потпиша и го врати на повторно разгледување.

Владата на местото на театарот планира изградба на неколку повеќекатници, а нов театарски објект ќе се гради на друга локација.