Метео: За викендот сончево, заладување од вторник

21.09.2018 12:35

Во недела ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурите ќе останат со високи максимални вредности.

Во текот на викендот во Македонија и натаму се очекува сончево и топло време со мала облачност. Утре дневната температура ќе достигне до 34 степени.

Во недела ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурите ќе останат со високи максимални вредности.

Во понеделник кон крајот на денот ќе настапи зголемено наоблачување особено во северните делови, ветерот ќе го промени правецот во северен.

Северното воздушно струење ќе услови значителна промена на времето од вторник.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска