Социјала

Секое четврто дете во Македонија е сиромашно

21.09.2018 13:06

Статистиката покажува дека секое четврто дете во земјава е сиромашно. Две од три деца не го продолжуваат ни школувањето. Новата социјална реформа ќе ги ублажи последиците- тврди министерката Царовска. Над 60 илјади деца ќе земаат детски и образовен додаток од 3.300 денари...

Секое четврто дете во земјава, е сиромашно. Едно од триста деца од сиромашни семејства не оди во градинка, а само две од три го продолжуваат школувањето, велат од Министерството за труд и социјална политика. Одговорни за детската сиромаштија треба да бидат сите фактори во државата, децидна е ресорната министерка Царовска. Последиците од ова се провлекуваат низ целиот живот, затоа треба итно да се најде решение на проблемот.

Новата социјална реформа треба да ги ублажи негативните влијанијата. Сега над 60.000 деца ќе земаат детски и образовен додаток од речиси 3.300 денари. Иако е малку, вели претставникот на Светска банка, тоа е добар чекор за почеток .

„Детската сиромаштија не се посочува само од финасиски аспект, туку и на образовниот раст. Многу деца се лишени да одат во предучилишно образование, да имаат подобра исхрана како и се запишат на универзитет“, вели Марко Мантованели, Светска банка.

Од УНИЦЕФ посочуваат дека се потребни инвестиции и отворање на работни места.

„Не станува збор само за индивидуалниот раст и развој, туку ова го претставува и растот на државата. Реформите се шанса да се подобри сликата и да се овозможи вработување“, изјави Бенџамин Перкс, УНИЦЕФ.

Перкс додава дека само суштинска реформа ќе помогне оваа категорија луѓе да да имаат нормален живот.

Дијана Ценевска