ДИК: Утре до полнок пријавување на болните и изнемоштени лица
Утре до полнок е крајниот рок за пријавување на болните и изнемоштени лица. Сите граѓани кои сакаат да го искористат правото на глас во своите домови, треба да поднесат и докуметација од лекар специјалист и од Центарот за социјални работи...

Најдоцна утре до полноќ, до Општинските комисии да се пријават болните и немоќните лица кои сакаат правото на глас на референдумот да го остварат во своите домови. Треба да поднесат и соодветна документација од лекар специјалист, оние кои користат туѓа нега потврда од Центарот за социјални работи, порачува Државната изборна комисија.
Парламент најдоцна до четврток треба да предложи претставници во избирачките одбори за набљудување на процесот. Молкот пред референдумот настапува 48 часа пред денот на граѓанското изјаснување. Јавната пропаганда треба да заврши до 27-ми септември на полноќ, велат од ДИК.
Од Комисијата велат дека соработката со државните институции се одвива коректно, и се извршуваат последните активности за организирање на референдумот во земјава и во дипломатско- конзуларните претставништва.
Оттаму апелираат до странските медиуми, невладини организации и амбасади да поднесат акредитации најдоцна до понеделник 24-ти септември.
Игор Панов
