Ле Роа: Договорот не е совршен, но го отвора патот кон ЕУ и НАТО
Брисел става акцент на исходот, но и на бројката на гласачи кои ќе излезат на 30-ти септември. Почесниот амбасадор на Франција, Ален Ле Роа ја пренесе поддршката од неговата земја. Рече- договорот не е совршен, но го отвора патот кон ЕУ и НАТО. Им порача на политичарите да продолжат со реформите...

Освен видот на гласовите, за Брисел е исклучително важен и процентот на граѓани коишто ќе излезат на претстојниот референдум. Ова го изјави почесниот француски амбасадор Ален Ле Роа, кој пренесе дека ЕУ ќе го поддржува до крај Преспанскиот договор и неговата имплементација. Оцени- договорот не е совршен, но не добил уверување дека во скоро време е можно да се постигне подобро решение од понуденото.
Амбасадорот Тимоние вели- сега е вистинско време Македонија да испрати добри вести.
Внатрешните реформи, како владеењето на правото и градењето независини институции, но и воспоставување добсососедски односи биле точките на кои се фокусирала владата во изминатиот период- рече државниот секретар во МНР, Виктор Димовски.
Димовски оцени дека Македонија оди во добар правец и дека од земја на политичка криза, сега е земја на можности.
Анита Димитријевска
