Здравство

Клиниката за неврохирургија го отвори новиот оддел за интензивна нега

21.09.2018 15:38

Комплетно е реновиран одделот за интензивна нега на Клиниката за неврохирургија, Капацитетот е зголемен за околу 30 отсто. Набавени се уште четири нови респираторни апарати, а старите се целосно реновирани...

Клиниката за неврохирургија го отвори новиот оддел за интензивна нега. Станува збор за проширување на просториите за триесетина квардратни метри во кои ќе бидат сместени 11 нови кревети за пацинтите. Од Клиниката информираа дека набавени се уште четири нови респираторни апарати, а старите се целосно реновирани.

Министерот за здраство, Венко Филипче најави и дополнително модернизирање на Клиниката со нови апарти и методи, во согласност со европските стандарти.

За подобрување на квалитетот на  здраствените услуги ќе влијае и зголемување на медицинскиот персонал. Изминатава година оваа Ллиника се доекипира со уште два нови доктори- специјалисти и шест медицински сестри.

 

Марина Стојанова- Тонева