Кирацовски: Договорот е гаранција за влез во ЕУ и НАТО
Генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Александар Кирацовски, нагласи дека имаме историска шанса да ги реализираме децениските стратешки интереси, влез во НАТО и во ЕУ...

Време е за одлука, не можеме и не смееме да чекаме уште 27 години за да изградиме држава по европски правила- порача од Вевчани генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Александар Кирацовски. Вели, имаме историска шанса да ги реализираме децениските стратешки интереси, влез во НАТО и во ЕУ.
„Со влезот во НАТО и започнувањето преговори со ЕУ, Македонија станува дел од најголемите светски сојузи и рамноправна со најмоќните држави во светот. Тоа значи обезбедена и сигурна иднина, но и повеќе инвестиции, нови работни места и повисок животен стандард за сите граѓани. Сите знаеме, овој договор е гаранција за влез на Македонија во ЕУ и НАТО“, рече Кирацовски.
Тој додаде дека договорот ги гарантира идентитетот, јазикот, границите, знамето и химната.
