Завршува кампањата, од полноќ предреферендумски молк
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера извести дека кампањата „Твој став, твое право“, на Државната изборна комисија, како кампања од јавен интерес, не спаѓа во јавната пропаганда за референдумот и може да се емитува и в петок и сабота, иако веќе ќе биде молк пред референдумот.

Јавната пропаганда за референдумот што ќе се одржи в недела завршува вечер на полноќ. Дотогаш треба да завршат сите активности на учесниците во кампањата.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера извести дека кампањата „Твој став, твое право“, на Државната изборна комисија, како кампања од јавен интерес, не спаѓа во јавната пропаганда за референдумот и може да се емитува и в петок и сабота, иако веќе ќе биде молк пред референдумот.
Коалицијата „Излези ЗА европска Македонија“ вечер завршен собир има во Тетово, движењето Беса во скопски Чаир, а прес-конференции најавија Алијансата на Албанците и координативното тело против референдумот при Светскиот Македонски конгрес ќе одржи прес конференција кое повикува на бојкот на референдумот.
Според Роковникот на ДИК молкот пред референдумот започнува 48 часа пред одржувањето на референдумот.
