Финансиска помош за млади земјоделци
Младите земјоделци кои сакаат да почнат сопствен бизнис државата ќе им помогне со неповратна финансиска помош до 600 илјади денари. На огласот кој трае до 19-ти октомври може да конкурираат земјоделци до 40 годишна возраст.

Секој млад земјоделец кој почнува сопствен бизнис и кој е запишан во Единствениот регистар на земјоделски стопанства може да побара државна финансиска поддршка до 10.000 евра.
По одобрувањето на субвенцијата, парите се исплаќаат најмногу на три рати.
Право за аплицирање имаат земјоделци не постари од 40 години, за финансирање на основните средства за работа, инвестиции во опрема за преработка на земјоделските производи и производи од животинско потекло, како и за отворање на сопствен агро бизнис.
Најмногу бодови при аплицирањето ќе добијат младите кои се невработени повеќе од две години, како и млади членови на земјоделски задруги.
Документите за аплицирање можат да се превземат од веб страницата на платежната агенција, а се доставуваат лично или по пошта до 19-ти октомври до кога трае огласот.
Лани платежната Агенција, склучи 420 договори со млади земјоделци во износ од повеќе од 4 милиони евра.
Методија Трајков
