Бајрами: Партија поднела кривична пријава за поткуп пред референдумот
Обвинителот Бајрами посочи дека се дадени задолженија на обвинителствата, освен редовните дежурства дека ќе имаат и дополнителни за време на викендот, со цел навремено делување доколку има пријави за сторени кривични дела како и дека обвинителството ќе биде во координација со МВР...

Само една кривична пријава во која партија се пожалила дека се врши поткуп пред референдумот е пристигната до Јавното обвинителство, информираше јавниот обвинител Џељал Бајрами.
Тој посочи дека се дадени задолженија на обвинителствата, освен редовните дежурства дека ќе имаат и дополнителни за време на викендот, со цел навремено делување доколку има пријави за сторени кривични дела како и дека обвинителството ќе биде во координација со МВР.
Како што рече Бајрами, Јавното обвинителство на Република Македонија, преку Привремената комисија за следење на евентуални противправности ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции и сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со организизирањето и спроведувањето на референдумот, да достават поднесок/пријава до Комисијата на електронската адреса: [email protected].
Засега атмосферата е мирна. Се надеваме дека како што привршува кампањата во ваква атмосфера ќе се спроведе и референдумот- истакна Бајрами.
