Во тек е молкот пред референдумот

28.09.2018 16:52

Ноќеска на полноќ почна молкот за граѓанското изјаснување закажано за в недела, 30- ти септември. Молкот ќе трае до крајот на денот на референдумот до 19 часот. Изјаснувањето е на 3.480 гласачки места, утре се изјаснуваат затворениците и притворените, болните и изнемоштените. Во рок од 24 часа по завршувањето на изјаснувањето, ДИК треба да ги објави резултатите…

48- часовен референдумски молк пред граѓанското изјаснување во недела. Од Државната изборна комисија велат дека се целосно подготвени за спроведување на референдумот. Гласачкиот материјал веќе е дистрибуиран во 80 општини во земјава. Ќе се гласа на вкупно 3.480 избирачки места.

Референдумскиот процес почнува во сабота. Гласаат затворениците и притворените лица, болните и изнемоштените. За гласање се пријавиле вкупно 1.859 болни лица во 69 општини. Споредбено со локалните избори во 2017-та година за гласање биле пријавени над 5.400 болни и изнемоштени. Се гласа и во 33 дипломатско конзуларни претставништва во странство.

ДИК, по приемот на записниците и целокупниот гласачки материјал од општинските изборни комисии во рок од 24 часа го утврдува и го објавува резултатот од гласањето на референдумот на државно ниво. Според законските норми, конечните резултати ќе бидат објавени во „Службен весник“.

 

Миле Ристески