Пет јавни здравствени установи добија сертификати за акредитација

28.09.2018 17:13

Дали се подобрува квалитетот на јавното здравство? Пет установи добија соодветни лиценци, но останува прашањето на координацијата меѓу нив. На општинско и на централно ниво…

Пет јавни здравствени установи добија сертификати за акредитација. Клиниките за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања, за детски болести, и за нефрологија. Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле и Општата болница- Охрид добија потврди за квалитетот во здравствениот систем.

Според надлежните, целта е да се стандардизираат услугите кои се даваат во сите јавни здравствени установи. Според директорот на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи, Анте Поповски, ова значи поместување на разбирањето на концептот за квалитет.

Според надлежните, паралелно се работи на утврдување на листата на услуги кои ќе ги даваат сите јавно здравствени установи согласно со бројот на специјалисти, нивната експертиза, и опремата која ја поседуваат. Со ова се очекува како што велат да запре лутањето и долгото чекање на пациентите. Се очекува олеснување на работата и на Итната медицинска помош.

Дијана Ценевска