Од први ноември стартува авионската линија Атина- Скопје
Авионот, секој вторник од Атина ќе тргнува во 9 часот по локално време, а во 9.45 од Скопје по македонско време. Од Скопје до Атина и обратно, ќе се стигнува за 1 час и 15 минути.

Со летови два пати седмично, секој вторник и четврток, од први ноември Атина и Скопје авионски се поврзуваат, преку грчката „Аegean airlines“. На интернет страницата на компанијата веќе има можност за резервации и билети.
Авионот, секој вторник од Атина ќе тргнува во 9 часот по локално време, а во 9.45 од Скопје по македонско време. Од Скопје до Атина и обратно, ќе се стигнува за 1 час и 15 минути.
Македонската и грчката престолнина повторно ќе се поврзат по повеќе од 10 години пауза. Промената на името на Скопскиот аеродром беше првиот и клучен чекор за да се отвори патот за воздушно поврзување.
