Метео: Променливо време за викендот

28.09.2018 17:33

Утре претпладне во западните и југозападните делови од земјава е можно зголемено наоблачување со услови за краткотраен слаб локален дожд...

Во текот на викендот во Македонија се очекува променливо облачно време. Утре претпладне во западните и југозападните делови од земјава е можно зголемено наоблачување со услови за краткотраен слаб локален дожд.

Ќе дува и умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27, а во недела до 25 степени.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска