ДИК: До 17 часот на референдумот излегле 455.771 гласач

30.09.2018 17:45

28,83 отсто од вкупно запишаните гласачи во Избирачкиот список излегле на гласање до 17 часот, соопшти ДИК...

До 17 часот на референдумот излегле на гласање 455.771 односно 28,83 отсто од вкупно запишаните во Избирачкиот список, соопшти на прес конференција претседателот на ДИК Оливер Деркоски.

Ова се податоци од обработените информации од 87,25 отсто од општинските изборни комисии.