Британија ќе праќа војници на Арктикот

01.10.2018 12:12

Во тек е подготовка на „Стратегија за одбрана на Арктикот“ којашто предвидува распоредување стотици командоси во Норвешка идната година и формирање на нова воена база.

„Велика Британија ќе испрати 800 војници на Арктикот поради зголемената руска агресија во регионот“, изјави денеска британскиот министер за одбрана Гевин Вилијамсон.

Во тек е подготовка на „Стратегија за одбрана на Арктикот“ којашто предвидува распоредување стотици командоси во Норвешка идната година и формирање на нова воена база.

Вилијамсон тврди дека Русија пак ги отворила старите бази од периодот на Советскиот сојуз кои не биле користени со години и ја зајакнала активноста на подморниците. Во ноември, Британија ќе распореди 3.000 војници во Норвешка како дел од НАТО вежби.

2.000 лица ќе се тренираат и за борба против хакерски напади како дел од проект со национален центар за кибернетичка безбедност.